- На огромен ранч на остров во Хаваи, Марк Закерберг почнува да одгледува говеда од видот ангус и вагју, решен да го прави најквалитетното говедско месо на светот.
- Извршниот директор на Мета ќе ја храни стоката со брашно од макадамија, вид орев кој е богат со витамини, минерали и протеини. Вика дека секое животно годишно ќе троши меѓу 2,3 до 4,6 тони храна.
- Неговиот комплекс на хавајскиот остров вреди 100 милиони долари.
- Според новите правила за еколошки дизајн за одржливи производи, од 1 јули на пазарот на ЕУ ќе може да се купуваат само сушари за алишта со топлински пумпи.
- За разлика од традиционалните кондензаторски сушари, кои користат електричен грејач, моделите со топлински пумпи работат на принципот на рециклирање на топол воздух и важат за најефикасна технологија за сушење облека.
- Работат на пониски температури, и се за 28% енергетски поефикасни од класичните модели, според американското здружение Energy Star.
- Трговците на мало се должни најдоцна до 18 јули да ги означат овие апарати со нова енергетска ознака, која веќе се користи за други апарати за домаќинство од 2021 година.
- Новата етикети за енергија имаат појасни и полесно разбирливи ознаки од А до G без поткласи означени со плусеви.