- Во извештаите на Европската комисија за делот судство, во 2019 и 2022 имало „добар напредок“, во 2021 и 2022 следувало „одреден напредок“, за во 2023 тој да биде оценет како воопшто да го нема, зебележува поранешната министерка за правда, Рената Дескоска.
- Оценката таа ја смета за објективна и таа треба да го вклучи алармот во Министерството за правда и Судскиот совет.
- Извештајот на ЕУ за (не)напредокот Ви ја покажа вистинската, грдата “слика на Доријан Греј”. Не вртете го погледот од неа, со тоа таа нема да исчезне, порачува Дескоска.
- Администрацијата на Трамп привршува план за продажба на 40.000 бомби МК-84 на Израел, секоја од по 900 килограми.
- Експлозијата на бомбата МК-84 – една од најмоќните во арсеналите - исфрла метални фрагменти стотици метри во сите правци и може да пробие метал и дебел бетон. Израел фрлил стотици МК-84 врз Газа и Либан, дури и врз зони означени како „безбедни“ за цивилите.
- Пакетот во вкупна вредност од 2,8 милијарди долари вклучува и продажба на 20.000 боеви глави I-2000, наменети за пробивање утврдувања.
- Иако трансакцијата се опишува како продажба, за бомбите всушност плаќаат САД преку механизмот за Странско воено финансирање.
- Администрацијата на Трамп врши притисок врз лидерите на надлежните комисии на Конгресот да ја одобрат продажбата. Комисиите досега поддржувале вакви продажба, но во јули повеќе од 100 демократски конгресмени гласаа за прекин на секаква американска помош за Израел. И сè поголем број конзервативни коментатори, вклучувајќи ги Мегин Кели, Такер Карлсон и Кендис Овенс, се против помошта од 3,8 милијарди долари што САД му ја испраќаат на Израел секоја година.