- Од наплата на патарина во првите пет месеци од годинава се собрани два милиона евра повеќе отколку во истиот период лани.
- ЈП Државни патишта минатата година ја заврши со рекорден приход од патарини во износ од 62 милиони евра, за 100 проценти повеќе споредено со 2020 година кога наплатата изнесуваше 34 милиони евра.
- Системот за заедничка електронска наплата на патарина со Србија го користеле 1.864 корисници.
- Иако од 2019 година досега продадени се 177.688 М-картички и 27.088 М-таг уреди, 57 проценти од учесниците во сообраќајот сè уште преферираат да плаќаат во готовина, а 12,23 проценти плаќаат со користење на платежни картички.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.