Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

За 5.600 евра месечно, за надзор е ангажиран техничар со средно, со просек 2

4 април 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • За позицијата инспектор за надзор на објекти и конструкции за автопатска делница Гостивар-Букојчани, дел од коридорот 8 што ќе го гради конзорциумот „Бехтел и Енка”, е ангажиран извесен Никола Ч. со завршено средно образование градежен техничар со успех „доволен 2“.
  • За оваа позиција предвидена е плата од 344.844 денари, односно 5.600 евра месечно – открива ВМРО-ДПМНЕ од документацијата која е јавно достапна за надзор над работата на Коридорите 8 и 10Д.
  • „Од експерти никогаш доста“, коментираат од пaртијата.
извор

За нападите врз македонските деца во Тетово можат кривично да одговараат директори на школи, педагози и психолози

5 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Тетовските улици не се безбедни за децата Македонци последниве недели, тие се напаѓани од врсници до 14 години кои не подлежат на кривична одговорност, а нападите и малтретирањата притоа се снимаат и се објавуваат на ТикТок, на групите „Каурски пички“, „Балисти“ и други, пишува СДК.
  • Родителите на тепаните деца се револтирани, велат дека нападите се брутални и оставаат последици, па затоа ако треба да излезат некаде, тие ги придружуваат. Велат бандите им се втуруваат пешки на нивните деца, односно со трчање, или на електрични тротинети. Обично фаќаат едно, другите ги оставаат да избегаат. Тепаат-снимаат-бегаат. Тоа се случува претежно дење во период на настава, односно на голем одмор, но и попладне.

  • Најчесто машки деца на 13-14-годишна возраст напаѓаат година-две помали соученици или деца од некое друго школо, но родители сведочат дека пресретнато било и девојче, кое од напаѓачите било натерано да каже: „Јас сум балистка“.

  • „По нападот го смирувавме дома детево, тоа беше многу вознемирено. Уште е и тоа го покажува ноќе, кога спие. Седевме дома и му се јави другар: ‘Еј брат, те има на Антикаури, на ТикТок’. Во деновите што следеа го викнаа син ми на препознавање и тој ги препозна тепачите и снимателот. Беа ученици-Албанци од неговото училиште. Од исто место храна си купуваат, се знае кои се, а од полиција ни рекоа не можеле ИП-адресите да им ги најдат“, сведочи родителка.

извор

60 посто од сите возрасни во Парагвај останаа без пари

5 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Над три милиони луѓе (60% од возрасната популација на земјата) останаа без опна што го имаат во банка, откако поради несолвентност, преку ноќ затвори банката Уено.
  • Банкарски сметки, плати, пензии... замрзнати и недостапни а луѓе излегоа на улици за да протестираат.
  • Осум директори на банката, вклучително и основачот и претседателот на банката се притворени а првиот човек на парагвајската централна банка, Карлос Каваљо, длабоко поврзан со Уено, поднесе оставка.
  • Уено сега е под шепа на централната банка а Сенатот на Парагвај предложи клиентите на банката „Уено“ да добијат аванс во висина до 40 минимални плати. Според постојниот закон, оштетени банкарски клиенти се обештетуваат со 75 минимални плати.
  • Уено беше ставена под принудна управа откако солвентноста, од минимумот од 12% падна на 5,6%.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

На Шиц по четири седишта му чуваат за Вардар, и Червар му крева рака

Навивачи
2

Бојан Трифуновски им го кажа

Разно
3

Македонски колбас со ајвар

Разно
4

Јапонија бара резервен главен град

Свет
5

Се очекува стампедо

Балканштина
6

ТВ дуел какви веќе нема

Медиуми
7

Јастребите ги соборија републиканците

Мислења
8

Кога прерано ќе биде напишан говорот

Балканштина
1

Јапонија бара резервен главен град

Свет
2

60 посто од сите возрасни во Парагвај останаа без пари

3

Нетанјаху може да почне да се пакува

4

Јастребите ги соборија републиканците

Мислења
5

Германија сака со златото и армијата на Полска да војува со Русија?

Свет
6

За нападите врз македонските деца во Тетово можат кривично да одговараат директори на школи, педагози и психолози

7

Каде зариба медиумската машина на Вучиќ

Балкан
8

Пропаѓа договорот на Трамп за руски дизел?

* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

ТВ дуел какви веќе нема

Медиуми

Еуфемизам на денот

Балканштина

Кога прерано ќе биде напишан говорот

Балканштина

Се очекува стампедо

Разно

Јаки духови, јаки расположенија

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

За гадењето од масите

Нервозен хаику

Смирувачки тонови од генералот

Далматинка во царството на ајварот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy