По десет дена забрана, гостиварци повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод како техничка - за капење, перење и за домаќинството. Но, останува на сила најважната забрана: водата сè уште не смее да се пие ниту да се користи за приготвување храна.
По интервенциите со хиперхлорирање и дезинфекција на водоводната мрежа, повеќекратни лабораториски испитувања покажале дека водата ги исполнува условите за техничка употреба, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој раководи со Управувачкиот комитет за координација и управување со кризи.
Ќе продолжи испораката на флаширана вода до граѓаните.
Водата во Гостивар беше забранета за пиење од 17 јули, откако беше утврдено микробиолошко загадување на водоводната мрежа со фекални материи. На 19 јули беше прогласена епидемија, а два подоцна Владата прогласи 30-дневна кризна состојба.
До вчера 4.197 граѓани се јавиле на преглед поради здравствени проблеми поврзани со водата.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.