Во Србија се преполовија огласите за вработување во ИТ секторот
25 април 2023
- Бројот на огласи за ИТ позиции во Србија е помал за дури 50% во првиот квартал од оваа година во споредба со истиот период лани.
- Подетална анализа на податоцит покажува дека годинава се бара помал број сениор програмери (18% од огласите) во однос на лани додека приоритет на работодавците (64%) стануваат медиор програмерите (обично со тригодишно работно искуство).
- Платите се на исто ниво од лани.