Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Во Скопје 4 вработени издаваат 2,1 документи месечно, во Охрид 0,08

2 мај 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • До неодамна, канцелариите „Една точка за услуги“ (Дамјан Манчевски, Зоран Заев) кои беа отворени во Скопје, Куманово, Охрид, Битола, владини функционери ги промовираа како „успешен проект“дури и пред претставниците од другите држави.
  • Порталб.мк докажува каков крах е овој проект, преку кој за една година се издадени само 1.062 документи низ цела држава.
  • Во Скопје: 4 вработени имаат издадено по 25,5 документи за една година или 2,1 документи месечно.

    Во Тетово: 9 вработени имаат издадено по 16,2 документи годишно или 1,3 документи месечно.

    Во Куманово: 6 вработени имаат издадено по 35 документи годишно или 2,9 документи месечно.

    Во Битола: 5 вработени имаат издадено по 120 документи годишно или 10 документи месечно.

    Во Охрид: 4 вработени имаат издадено по 1 документ годишно или 0,08 документи месечно.

извор

Одборот на Трамп има нов план за Газа, ама нема пари

23 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Одборот за мир на Доналд Трамп денеска ќе претстави шестмесечен план за обнова на Газа, во кој се предвидени 66 проекти во вкупна вредност од 2,45 милијарди долари.
  • За инфраструктура се планирани 1 милијарда долари: 400 милиони за привремени засолништа, 275 милиони за расчистување урнатини и неексплодирана муниција, 50 милиони долари за санација на болници и 30 милиони за обнова на патната мрежа, за дигитални документи и плаќања, за преносни сончеви колектори...
  • За безбедноста се издвоени 885 милиони долари: за изградба на база на Меѓународните сили за стабилизација во Рафах и за обука и опремување на нејзиниот контингент од 5.000 припадници, како и за мобилизирање нови палестински полициски сили.
  • Планот ја проценува материјалната штета во Газа на 35,2 милијарди долари и наведува дека за целосна реконструкција ќе бидат потребни 71,4 милијарди долари во следната деценија.

  • Планот звучи амбициозно, ама е далеку од реалната ситуација. Одборот за мир, во кој членуваат 35 земји, се уште ги нема обезбедено потребните 2,45 милијарди долари. Спроведувањето на проектите зависат од Хамас – кој одбива да се разоружи - и од составот на идната влада на Израел по изборите на 27 октомври. Премиерот Нетанјаху начелно прифаќа меѓународни сили во Газа, но неговите потенцијални партнери се категорично против.
извор

Брисел го награди Маѓар со пристап до 4,2 милијарди евра

23 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Европската комисија ѝ ослободи на Унгарија пристап до 4,2 милијарди евра од кохезионите фондови и до програмите Еразмус+ и Хоризонт Европа, откако оцени дека новата влада на Петер Маѓар ги исполнила условите за владеење на правото.
  • ЕУ од 2022 година блокира 16,4 милијарди евра за Будимпешта, наведувајќи „загриженост за корупција и јавни набавки“ за време на мандатот на премиерот Виктор Орбан и неговата партија Фидес.
  • Маѓар, кој во кампањата за изборите во април доби поддршка од Брисел, вети дека приоритет на новата влада ќе биде одмрзнување на фондовите од ЕУ.
  • Будимпешта се обидува да добие и 10 милијарди евра од средствата на ЕУ за закрепнување од последиците на пандемијата. Остануваат блокирани и уште 2 милијарди евра од кохезионите фондови поради загриженост во врска со системот за азил, законот за заштита на децата и академската слобода. Маѓар вети дека ќе ги реши овие прашања до крајот на годината.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Југославија повторно се обединува

Балканштина
2

Фрли Бугарче, фати крапче

Балканштина
3

Ни секунда не прекинаа

Балканштина
4

Сè почнува со реченицата: Годинава само малку да испечеме

Балканштина
5

Работната недела се растегнува на шест дена

Свет
6

Богати и славни

Македонштина
7

Летото на Нено низ фотографии

Кошарка
8

Како Трамп ги изневери Саудијците

Свет
1

Работната недела се растегнува на шест дена

Свет
2

Како Трамп ги изневери Саудијците

Свет
3

Руски олигарси ја поделија ЕУ

4

Стара Канаѓанка еутаназирана против нејзината волја

Разно
5

САД ќе ги приземјат сите ирански авиокомпании

6

Трамп доби свој ТВ канал

7

Филантропијата е заробена во идеологија

Разно
8

Обединетите нации се корисен театар

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Сè почнува со реченицата: Годинава само малку да испечеме

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Ни секунда не прекинаа

Балканштина

Југославија повторно се обединува

Балканштина

Балканско вуду: Проклетија

Македонштина

Да си знаат

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Непристојна понуда

„Светот надвор од твојата глава: како да станеш индивидуа во доба на одземено внимание" од Метју Б. Крафорд

За алтернативен бурек...

Долга е раката на младите

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy