Во Њујорк веќе нема место за мигранти
18 јануари 2023
- Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, го посети пограничниот град Ел Пасо на границата со Мексико и порача дека во неговиот град повеќе нема место за мигранти.
- Тој неодамна изјави дека нов бран мигранти може да го чини Њујорк дополнителни 2 милијарди долари, во време кога градот има сериозна буџетска криза.
- Реакцијата на Адамс е последица на тоа што во последно време, држави водени од републиканци, како Тексас и Флорида, масовно препраќаат мигранти во држави предводени од демократи, како Њујорк, Чикаго и Вашингтон.
- Иако доаѓа од Демократската партија, тој отворено ја критикуваше администрацијата на Бајден и рече дека е време да се реши проблемот со мигрантите на јужната граница.