Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Виктор Орбан: Само еден човек може да ја сопре војната

24 јуни 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Претседателот наСАД е единствената личност во универзумот кој може да ги упати двата одлучувачки повици, до Киев и до Москва“. Според Орбан, таков претседател може да биде само поранешниот шеф на Белата куќа Доналд Трамп.

  • Унгарскиот премиер верува дека доколку Ангела Меркел сè уште беше канцеларка на Германија, конфликтот немаше да се рашири до толкави размери.

  • Од први јули Унгарија го презема претседавањето со Европската Унија а ќе ја води под слоганот: „Да ја направиме Европа повторно голема“.

извор

Над 56% од жртвите во Газа биле деца и жени

19 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Повеќе од 56% од вкупниот број жртви во првите 15 месеци од израелските напади во Газа биле деца, жени и стари лица, покажува нова научна студија на медицинското списание Лансет. Ова го негира ставот на Израел дека биле убиени подеднаков број цивили и терористи од Хамас.
  • Од вкупно 75.200 лица што загинале како директна последица на израелските напади, 22.800 биле деца, 16.600 биле жени на возраст од 18 до 64 години и 2.870 биле луѓе на возраст над 65 години, покажува обновената анализа на податоци за периодот од почетокот на нападите на 7 октомври 2023 година, па сè до 5 јануари 2025.
  • Вкупниот број на убиени Палестинци во овој период, според Лансет, бил за околу 26.000 повисок во споредба со тогашната проценка на локалното Министерство за здравство (49.090).
  • До 5 јануари 2025 година имало и 8.540 смртни случаи во Газа индиректно предизвикани од израелските напади – поради глад или повреди и болести што инаку можеле да се санираат или излечат. 
  • Новата студија објавена во Лансет глобал хелт ја изработил тим составен од економист, демограф, епидемиолог и специјалисти за анкети.
извор

Ерфорс 1 по мерак на Трамп

19 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Ерфорс 1, авионот на претседателот на САД, ќе биде префарбан во нова комбинација на бои во избор на Доналд Трамп – темносина, бела, црвена и златна, потврди Военото вздухопловство. Ќе прилега на малиот модел што Трамп го изложува на работната маса во Овалната соба при средба со странски лидери.
  • Боинг веќе почна да модификува два свои авиони 747-800, кои треба да ги заменат двата идентични 747-200 што ги користи претседателот. Секретарот за авијација Трој Мејнк во јуни изјави дека безбедносните модификации би чинеле помалку од 400 милиони долари.
  • Трамп уште во својот прв мандат побара да бидат префарбани претседателските авиони, кои уште од времето на Џон Ф. Кенеди се во светлосино-бела комбинација од бои. Трамп побара горната половина да биде бела, а долната темносина, со црвена и златна линија од клунот до опашот, слично на неговиот приватен авион. Ревизија на Воздухопловството оцени дека тоа ќе ја зголеми цената и ќе ја одложи испораката на авионите, па Џо Бајден ја укина одлуката во 2023 година.
  • „Сè си има свое време и место. Ќе ги смениме боите. Сакаме моќна сина, а не бебешка сина“, изјави неодамна Трамп.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Вељко кидна на време

Балканштина
2

Од реформи во јавната администрација, издвојуваме

Разно
3

Каја Калас: Ви требаме за да гинеме

Разно
4

Се сеќавате дека парковите беа затворени во ковидот?

Здравје
5

Ако Србија до Токио, Македонија до вселената

Македонштина
6

Зошто го сакаме Балканот

Балканштина
7

Граѓанин на светот

Видео
8

Википедија за фајловите на Епстин

Вебалици
1

Се сеќавате дека парковите беа затворени во ковидот?

Здравје
2

Баер со 7,25 милијарди замолкна илјадници луѓе со рак

Свет
3

Мамдани го крева данокот на имот во Њујорк

4

Што се милијарда патници за кинеските брзи возови?

Занимливости
5

Паметна камера што бара кучиња ги загрижи Американците

Свет
6

Им нема крај на синдромите од вакцините против ковид

Здравје
7

Американски и холандски пилоти го бранат Киев од руски ракети

Свет
8

Панчевски со кривична против членовите на Советот на јавни обвинители

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Ако Србија до Токио, Македонија до вселената

Разно

Од реформи во јавната администрација, издвојуваме

Балканштина

Вељко кидна на време

Балканштина

Зошто го сакаме Балканот

Македонштина

Спасете Фиќо од домашни проблеми

Македонштина

Може замена за буквар?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Сè е во нејзини раце

Северно македонска кујна? Леб да немате да јадете.

Знаете ли што е Данинг - Кругеров ефект?

МиТу се бетер лицемери од ЈуТу

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy