- Американските бизнисмени стравуваат од пад на продуктивноста во втората половина на ноември, кога ќе биде објавена видео-играта Grand Theft Auto VI - првото ново продолжение од популарниот серијал по 13 години.
- Со речиси 5 милиони нарачки ширум светот, излегувањето на играта на 19 ноември се очекува да повлече значителен дел од работната сила – феномен кој според Вол Стрит Журнал е рамен на неофицијален празник.
- Слична ситуација имаше и во 2015 година, кога по пет години пауза беше објавено четвртото продолжение на играта Fallout. Производителот тогаш заедно со играта нудеше и лажни лекарски оправданија за отсуство од работа.
- Неодамнешно истражување спроведено на над 2.000 гејмери покажа дека ноќните сесии на играње видеоигри во просек доведуваат до пад на продуктивноста од два часа следниот работен ден, со што се генерира загуба од 5,1 милијарда долари на ниво на САД.
- Дури и Армијата на САД се вклучи во еуфоријата. Војници од 9-тиот инженерски баталјон на бригадата во Форт Стјуарт, добија известување дека секој војник што ќе го продолжи договорот за служба до 14 ноември ќе добие четири слободни дена за да може да се посвети на GTA VI.
- Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Македонија“ поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.
- Се наведува дека тој не постапил согласно одлуките на Управниот одбор за исплата на обврски кон две правни лица. И покрај тоа што му биле доставени потребните документи за исплата, пријавениот не ја потпишал спогодбата за исплата на долгот, не ги потврдил фактурите и не ги потпишал налозите за плаќање.
- Со тоа оставил простор овие да поведат судски постапки кои ги добиле па штетата за Пошти на основ на исплата на затезни камати е речиси 11 милиони денари.
- Владата на САД би можела да блокира ботови со ВИ ако утврди закана дека може да предизвикаат смрт на повеќе од 50 луѓе или штета повисока од 1 милијарда долари.
- Ова е предлогот на Антропик во нацрт-закон за „безбедност“ на вештачката интелигенција, поднесен до Конгресот на САД.
- Сè што е подолу од овие граници би се толерирало како „разумна политика“.
- Проценетиот ризик од моделот со ВИ би морал да произлегува од дизајнирање или создавање на биолошко оружје, кибернетски напад или бегање на агент со ВИ од контрола на лабораторијата во која се развива.
- Ризикот би го проценувале „независни евалуатори“, регистрирани во Министерството за трговија, при што е оставена можноста за нивните услуги да плаќа лабораторијата во која вршат увид.