- Иако во тешка здравствена состојба, папата Франциско пред неколку дена го потпиша декретот за прогласување на Хозе Грегорио Хернандез за светец, прв од Венецуела.
- Го викале „докторот на сиромашните“. Роден е во 1864 година, студирал медицина во Париз, Берлин, Мадрид и Њујорк а потоa се вратил кај сиромаштијата во Каракас. Таму и го завршува животот во 1911 година, откако го удрила кола. На прсти се броеле автомобили кое во тоа време ги имало во Каракс.
- Чудото кое му се препишува и подлежи на докажување а е неопходно за беатификација е опоравувањето на едно 10 годишно девојче кое било застрелано во глава.
- Кога папата Јован Павле Втори ја посети Венецуела во 1996 година, му беше предадена петиција за канонизирање на обожуваниот венецуелски доктор со 5 милиони потписи. Франциско го прогласи и Јован Павле за светец во 2014 година.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.