- Рамковниот договор не е мировен договор; тој, како и Дејтонскиот, беше договор за прекин на огнот. Тој божемен договор беше наметнат однадвор и не беше резултат на преговори меѓу страни во судир. Странците ги застапуваа интересите на ДУИ (во тоа време на „терен“ и во заседи) и зборуваа дека „Уставот мора да се смени“ за да има мир.
- Ова што сега го слушаме од Бугарија, а до завчера од Грција, е само ехо на таа прва сериозна уцена: или устав или војна!
- Тој договор зборува за граѓанско општество, а го оневозможува; зборува за унитарна држава, а воведе федерализација; вели дека насилството е неприфатливо како метод за политички промени, а нам постојано ни се закануваат со насилство за да направиме ваква или онаква отстапка.
- Македонија не само што не е успешна приказна туку е и незавршена приказна.
- Во мало француско гратче утре се одржуваат не баш историски избори кои сепак добија глобален публицитет.
- Во трката за градоначалник на Арсис-сур-Об за реизбор за бори Хитлер а противкандидат му е Зјелински.
- Шарл Хитлер е навикнат на мајтап со неговото презиме и цртање мустаќи на постерите но малку му е незгодно кога ќе прочита дека 37% од неговото место се Хитлеровци.
- Францускиот Хитлер е центрист додека оној спроти него, 28 годишниот Антоан Рено Зјелински е од крајно-десничарскиот патриотски блок.
- Хитлер објаснува дека му е криво што вниманието е свртено само околу презимињата на кандидатите а не нивните политики.
- Самото место во кое живеат само 2.785 жители името го добило по едно место близу Одеса во Украина, каде во 1814 се одвивала една од битките на Наполеон.
- Европската унија од 1 јули годинава воведува нова фиксна давачка за мали пратки со вредност под 150 евра, мерка што директно ќе ги погоди и пратките од платформи како ТЕМУ и АлиЕкспрес.
- Давачката ќе изнесува три евра по пратка а до ноември се најавува и дополнителна такса „за обработка“.
- Лани 5,8 милијарди мали пратки со ниска вредност испратени директно до потрошувачите влегле во ЕУ. Над 90 проценти доаѓаат од Кина.