Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Ванковска: Време на монструми – принципите на тест

11 декември 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Се шират опасни и неодговорни тези дека „сите сме виновни“ (ама некои медиуми, партии, групи се повиновни од другите). Велат, „монструми живеат со нас“, па следува прашање како да ги препознаеме (навреме), како да се справиме со нив и како „ова зло да не се повтори“. Мислиш ќе земат в раце глогов колец и крст, а тешко на оние што го вееле знамето од Кутлеш.
  • Добри луѓе, домаќини, родители покажаа дека се подготвени (барем од/со тастатура) да вршат најодвратна тортура, да сечат, да дерат, да толчат – и сето тоа од љубов и тага по Вања. (Значи, ако им дадеш згоден повод, и добри обични луѓе се блиску да станат злосторници во име на правдата каква што тие ја замислуваат; за жал, ова сме го гледале во безброј војни и геноцидот што е во тек). Но, ако на ваквата атмосфера ѝ се препуштат и професионални адвокати, тогаш работата станува многу сериозна.
  • Министерот не само што се пофали со ефикасноста на полицијата (турската? Интерпол?) туку забега во делење дијагнози (малоумни сторители), но и политички и надворешнополитички тези. Каква врска за бога има НАТО со нечија (индивидуална) злосторничка природа? Тоа е создавање претекст за политичка пресметка на „европскиот фронт“ со сите „државни непријатели“ од другата страна. Сите недоволно европски ќе бидат под сенка на сомнеж дека се монструми способни на сè.
  • Оние што се должни на притворениците, па и на затворениците, да им ги гарантираат правата се покажаа на ниво какво што бара крвожедната јавност. Што еден ден може да им се удри од глава, како што кажа еден професор по кривично право. Тоа што тие го „признале делото“ (ама и префрлиле вина на некој што не беше уште во рацете на законот; а и сега е во турски притвор) не значи и дека ја кажале вистината. Квалификацијата дека се тоа „малоумни“ луѓе, парадоксално, но може да им послужи во одбраната, ако се вадат на непресметливост, која, ете, била видлива од почетокот! Политизацијата на прес-конференцијата и апелот за дерегистрација на политичка партија чиј лидер е првоосомничен, повторно парадоксално, но можно, може да бидат искористени за барање азил по политичка основа (еве, видете, овие ме гонат поради политички убедувања и ќе немам фер судење во таа земја).
извор

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
  • Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
  • Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
  • Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
извор

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
  • Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
  • Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
  • Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
  •  На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Зденка цела да е

Македонштина
2

Фудбалски распад систем на Македонија

Фудбал
3

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
4

Самоил и дупките

Балканштина
5

Туѓото лесно се подарува

Балканштина
6

Мирисот на Мосад

Разно
7

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

8

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
2

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

3

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

4

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

5

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
6

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

7

АНБ со мирис на УДБА

8

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Година на брзите усти

Дајте да ги стреламе

Гратис равенка

Ако не памтите, сè ќе ви биде ново

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy