- Нашиот народ, пак, има стара изрека: тамам сиромавиот (се мисли на најсиромашната држава во Европа, секако) се фатил за орото, а тапанот се скинал. Така и ние со членството во НАТО. За него жртвувавме и име и уставен суверенитет, се пониживме како ниту една нација на светот, станавме просјаци пред портите на воена алијанса што безмилосно ги рекетира сите свои членки за наводна безбедност.
- На почетокот и јас помислив дека одлуката за употреба на западно оружје врз Русија е само последен очајнички чин на злобниот, војнохушкачки глупак, со цел да го саботира преземањето на власта од страна на Трамп. Но брзината со која овој дементен старец беше поддржан од релативно разумни, иако злобни лидери на Англија и Франција, покажува поинаква перспектива. Ова не е лична или меѓупартиска борба меѓу Бајден и Трамп. Главниот влог го има НАТО, на чие чело обично стои мистер Стрејнџлав, а сега и локните на Рада.
- За да остане релевантен, НАТО мора да стори две работи: 1) да се фокусира на достоен надворешен непријател и 2) да ги натера САД да ја финансираат целата операција. Со овие два елемента, НАТО може и натаму да ги држи Русите надвор, а Германците на колена. Тоа, на крајот на краиштата, отсекогаш беше нивната примарна цел, зарем не?
- Двојно помалку објекти во Скопје се оданочени од она што е запишано во Катастарот на недвижности, покажа репроценката на недвижности што ја прави Град Скопје во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации.
- Според податоците во даночната евиденција, на подрачјето на Град Скопје се опфатени околу 17 милиони квадратни метри на недвижности (објекти), додека во евиденцијата на Катастарот се запишани околу 39 милиони квадратни метри објекти.
- Приходите се делат 50% за Град Скопје и 50% за општината во градот Скопје каде што се наоѓа имотот.
- Стапката на данок на имот во Градот Скопје изнесува 0.10 % од вредноста на имотот, со дополнително намалување од 50% за објект во кој даночниот обврзник живее, што ја прави најниска во Европа.
- Иако вети дека ќе ги олесни бирократските пречки, законодавството на Европската Унија на крајот од минатата година достигнало нов рекорд од 47.600 страници со регулативи и директиви.
- Тоа е зголемување од 118% во споредба со 2010 година, според „индексот на бирократија“, изработен од професорот Штефан Вагнер од Универзитетот на Виена.
- Индексот ги опфаќа сите уредби и директиви што се во сила на 31 декември од дадена година, а кои се донесени самостојно од Европскиот совет или заеднички со Европскиот парламент. Правните акти на Европската комисија не се вклучени. Обемот се мери во стандардни страници од по 1.500 карактери.
- Ако на основните членови се додадат прилозите со списоци, гранични вредности и технички спецификации, регулативите на ЕУ опфаќаат околу 90.800 стандардни страници.
- По 2010 година има уште 12.900 страници со нови регулативи за надворешна политика и безбедност – главно списоци со санкции и имиња на лица, компании и стоки. Обемот на регулативи за заштита на природата, на потрошувачите и на здравјето се дуплирал од 4.300 на 9.800 страници.
- Само Директивата за бучава во животната средина се зголемила за околу 700 страници.