- Кинеските градови (видов три „помали“, односно секој со жители колку пет Македонии) имаат огромни булевари, облакодери слични на оние во Дубаи, а сепак се како збир на мали ботанички градини. Ако мислевте дека Швајцарија или Германија се најчистите места на светот, не сте биле во Кина.
- Луѓето се секогаш со насмевка и подготвени да помогнат иако сте странец (паднат од Марс). Тој однос на скромност, ненаметливост, љубезност и смиреност ве изненадува, па дури и „вознемирува“, особено ако доаѓате од несредена држава во која секој секому му е волк, секој секого го мрази или го гледа низ нишан.
- Ние сме како експериментални глувчиња, кои веруваат дека западниот кафез е сета среќа на светот. А Кина? Дури и ако ја игнорираме, таа е веќе во друга временска димензија. Димензија за која дури и не знаеме како да сонуваме. Она што го знам, сепак, е дека таму имаме пријатели и насмеани лица со подадена рака за соработка. Сите фрази за „малигни и малициозни влијанија“ на фактчекерите (кои така ќе ја класифицираат и мојата колумна) се навистина злонамерни, ама кон Кина – која ни крива ни должна сакаат да ја гледаме како непријател.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.