- Професорката Билјана Ванковска одговори на забелешката на Бранко Героски дека против луѓето кои застанаа зад прогласот за Бугарија застанале различни луѓе (Миленко, Тричко, Ненад Јовановиќ...) меѓу кои и таа.
- „Јас не знам како реагирале другите од групата во која ме ставил (во која нема ЕДЕН кој не ме плукал и клеветел), но знам дека имам аргументи зошто ова ребрендирање и гледање на едно око (Преспа е добра, само Софија не чини) нема да даде никаков резултат“.
- „Ако треба и сама ќе бидам против, ама Преспа не ја простувам: свесно поддржаа велепредавство!“
- Од сезоната 2027/2028 па натаму, Шведска ќе користи само вакцина против коронавирус базирана на протеини во своите национални кампањи за вакцинација. Таа е првата земја во светот што се збогува со проблематичните мРНК вакцини на Фајзер и Модерна.
- Нуваксовид е класична протеинска вакцина. Содржи готово парче од вирусот чиј протеин му се презентира на телото директно за да изгради имунолошки одговор. Се разликува од мРНК вакцините каде што клетките на телото мора сами да го произведат шилестиот протеин по добивањето на мРНК инструкцијата. А тоа се покажа како процес кој носи ризик од автоимуни реакции.
- Шведска избра свој за време на пандемијата, не спроведувајќи карантини и затворања на училиштата. Нивниот пристап наидуваше на жестоки критики од ортодоксните блокадери ширум светот но сумарните резултати подоцна покажаа дека не биле глупи.