Усвоени законските измени, Брнабиќ ги чека студентите на настава
6 март 2025
- Српските пратеници ги усвоија измените на Законот за високо образование, што беше едно од барањата на студентите што протестираат низ земјата и организираат блокади.
- „Исполнето е четвртото барање на студентите од блокадите. Веројатно сега ќе се вратиме на настава“, изјави претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ.
- Со и изменетиот закон се намалуваат школарините за студентите за 50% и се зголемува буџетот за образование за 20%.