- Управниот суд го потврди приговорот на Гордана Сиљановска Давкова и ја одби тужбата на Академијата за судии и јавни обвинители.
- Наташа Габер-Дамјановска од Академијата тврдеше дека процесот нема карактер на работен однос, туку на приемен испит.
- ДКСК остана на ставот дека сепак станува збор за стекнување на работен однос, за кој слушателот склучува договор за вработување на определено работно време и во периодот од две години прима плата, како и надоместоци на плата и ги ужива сите права и обврски засновани на работен односи, согласно законот за Академијата.
- Одлуката на Управен суд е конечна. Постапката за полагање испити и засновање на работен однос на 130 слушатели за судии и обвинители се запира.
- Иако вети дека ќе ги олесни бирократските пречки, законодавството на Европската Унија на крајот од минатата година достигнало нов рекорд од 47.600 страници со регулативи и директиви.
- Тоа е зголемување од 118% во споредба со 2010 година, според „индексот на бирократија“, изработен од професорот Штефан Вагнер од Универзитетот на Виена.
- Индексот ги опфаќа сите уредби и директиви што се во сила на 31 декември од дадена година, а кои се донесени самостојно од Европскиот совет или заеднички со Европскиот парламент. Правните акти на Европската комисија не се вклучени. Обемот се мери во стандардни страници од по 1.500 карактери.
- Ако на основните членови се додадат прилозите со списоци, гранични вредности и технички спецификации, регулативите на ЕУ опфаќаат околу 90.800 стандардни страници.
- По 2010 година има уште 12.900 страници со нови регулативи за надворешна политика и безбедност – главно списоци со санкции и имиња на лица, компании и стоки. Обемот на регулативи за заштита на природата, на потрошувачите и на здравјето се дуплирал од 4.300 на 9.800 страници.
- Само Директивата за бучава во животната средина се зголемила за околу 700 страници.
- Министер за здравство треба да води сметка како во неговиот ресор се трошат парите собрани од даночните обврзници.
- МИЛИЈАРДА евра се трошат во неговиот ресор.
- Ама не, актуелниот министер за здравство решил да пресмета колку пари за цигари дава просечен пушач па дошол до цифра од 600 евра годишно. Тоа било многу.
- Kолку годишно даваме за мортадела, со она белото кое е штетно за кардиоваскуларниот систем? Многу, малку?