Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Украинците во мај ќе гласаат за претседател и за мировен договор?

11 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Под притисок од САД, Володимир Зеленски планира во мај да закаже задоцнети претседателски избори паралелно со референдум за мировниот договор што до тогаш се очекува да го постигне со Русија, според извори на Фајненшл тајмс. Од Зеленски се очекува да го објави овој план на 24 февруари, на четвртата годишнина од руската инвазија.
  • Вашингтон му се заканил на Киев дека двете гласања мора да се одржат најдоцна до 15 мај. Во спротивно САД ќе ги повлечат понудените безбедносни гаранции. Администрацијата на Доналд Трамп веќе најави дека сака договор за крај на војната најдоцна до јуни, за да може да се посвети целосно на среднорочните избори за Конгресот во ноември.
  • Петгодишниот претседателски мандат на Зеленски требаше да заврши во април 2024 година, но тој постојано ја обновуваше воената состојба, која спречува одржување избори. Лани во декември изјави дека е спремен за избори ако може да се гарантира безбедност, но потоа додаде дека изборите се невозможни поради војната, руската окупација и милионите раселени лица.
  • За да бидат меѓународно признати резултатите од изборите, мора да учествуваат најмалку една половина од гласачите регистрирани пред војната, изјавиле изворите на Фајненшл тајмс.
  • Според најновата анкета од Ипсос, Зеленски заостанува за 3% зад Валериј Залужни - неговиот амбасадор во Британија, поранешен врховен воен командант и потенцијален независен кандидат.
извор

Cineplexx се простува од Иван Хиниќ

16 ноември 2026
  • Share
  • Post
извор

Хаг ја запре истрагата за американски злосторства во Авганистан

16 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
  • Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
  • Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
  • САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
  • Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
2

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

3

Кој ќе го замени Перо??

Македонски рулет
4

Цена на злото

Балканштина
5

После победата доаѓаат прашања

Мешано
6

Од животот на еден тезгарош

Балканштина
7

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

8

Во потрага по ново „шуто и рогато“

Македонски рулет
1

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
2

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

3

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

4

Сенатор: Убавината е да им плаќаме на Украинците да убиваат Руси

5

Јакуза изгуби битка со јапонската бирократија

Занимливости
6

Рубио го истера Хуанг подалеку од Трамп

Свет
7

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

8

Хаг ја запре истрагата за американски злосторства во Авганистан

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Заслужен одговор

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Балканштина

Потопување Мисици

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Како да превртите цајкан?

Браво, Стево!

Обнова на Охридската Архиепископија

Беше мајсторот?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy