Три години по крајот на вонредната состојба поради пандемијата на коронавирусот во САД, министерот за здравство Роберт Кенеди Јуниор ја укина заштитата од одговорност за вакцини за ковид, медицински третмани и услуги: „Повеќе не постојат околности што оправдуваат итна употреба на лекови и биолошки производи“.
Во почетокот на 2020 година Министерството за здравство на САД издаде вонредни декларации за заштита на одговорност, за да се забрзаат иницијативите против пандемијата на ковид. На регулаторните тела им беше овозможено да издаваат вонредни овластувања со понизок праг на докажување од редовниот процес. Тоа им обезбеди широк имунитет на производителите и на медицинските лица што ги администрираа вакцините.
Декларациите беа продолжени повеќе пати. Иако вонредната состојба за јавното здравје поради ковид-19 заврши во мај 2023 година, во 2024 година тогашниот министер за здравство Ксавиер Бесера ја продолжи нивната важност до крајот на 2029 година. „Ковид продолжува да претставува реален ризик од идна вонредна состојба за јавното здравје. Одржувањето на заштитата е неопходно за да се подготват САД за таа закана“, соопшти Бeсера.
Со известувањето за прекинување, министерот Кенеди им остави „разумен временски период од една година на компаниите да се прилагодат на мерката. Декларациите за вакцини и лекови против ковид ќе престанат да важат на 29 јуни 2027 година. Декларациите за медицински помагала, како тестовите за ковид, ќе останат на сила само 180 дена, до 26 декември 2026 година.
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.