Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Турција стана Туркије

2 јуни 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • По барање на официјална Анкара, Обединетите Нации  ја одобрија промената на името на Турција.

  • Скопскиот Институт Јунус Емре толкува: Турција и на македонски јазик ќе ја викаме Туркије. Именките Турчин и Турчинка остануваат. Останува и придавката турски.

  • Лингвистот Игор Радев вели: Ние ќе се водиме од фонетиката на нашиот македонски јазик. Веројатно само во официјална кореспонденција што се врши на англиски јазик, Турција (сега Turkey) ќе се замени со Туркије (Türkiye). Ние гласот „ü“ и да сакаме не можеме да го изговориме, затоа што тој глас не постои во македонскиот јазик. Не можеме да ја менуваме фонетиката на сопствениот јазик.

  • И не треба, објаснува Институтот Јунус Емре. Гласот „ü“ на македонски јазик ќе се изговара како и досега – како „у“.

извор

Масовни протести во Загреб против загадувањето во Лика

5 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Десетици илјади луѓе демонстрираа на централниот плоштад во Загреб поради тоа што владата не почнала со расчистување на повеќе од 30.000 тони отпад кој ја загадува водата и природата во Лика. 
  • Лани на локација близу Госпиќ беа откриени меѓу 34.000 и 37.000 тони отпад – од кој голем дел бил увезен од Италија во 2023 и 2024 година. Владата вети дека ќе ја исчисти локацијата, но еколошките групи тврдат дека е постигнат мал напредок.
  • Вјекослав Бушиќ од иницијативата „Госпиќ е наш дом“ побара од Владата во рок од 20 дена да претстави сеопфатен план за санација на загадените локации, со јасни и обврзувачки рокови. Организаторите на маршот бараат отстранување на 33.000 тони закопан отпад во рок од три месеци, итна забрана за увоз на отпад во Хрватска и одговорност за пропустите.
  • „Мора итно да ја утврдиме одговорноста на сите оние што молчеа и не презедоа ништо. Тука не смее да има компромис“, истакна Бушиќ.

извор

Видео-играта GTA VI е удар врз продуктивноста на САД

5 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Американските бизнисмени стравуваат од пад на продуктивноста во втората половина на ноември, кога ќе биде објавена видео-играта Grand Theft Auto VI - првото ново продолжение од популарниот серијал по 13 години.
  • Со речиси 5 милиони нарачки ширум светот, излегувањето на играта на 19 ноември се очекува да повлече значителен дел од работната сила – феномен кој според Вол Стрит Журнал е рамен на неофицијален празник.
  • Слична ситуација имаше и во 2015 година, кога по пет години пауза беше објавено четвртото продолжение на играта Fallout. Производителот тогаш заедно со играта нудеше и лажни лекарски оправданија за отсуство од работа.
  • Неодамнешно истражување спроведено на над 2.000 гејмери покажа дека ноќните сесии на играње видеоигри во просек доведуваат до пад на продуктивноста од два часа следниот работен ден, со што се генерира загуба од 5,1 милијарда долари на ниво на САД.
  • Дури и Армијата на САД се вклучи во еуфоријата. Војници од 9-тиот инженерски баталјон на бригадата во Форт Стјуарт, добија известување дека секој војник што ќе го продолжи договорот за служба до 14 ноември ќе добие четири слободни дена за да може да се посвети на GTA VI.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Баш се потрудиле околу презентацијата

Македонштина
2

Трамп ѝ ги „сервира“ Фолкландите на Аргентина

Свет
3

Спојлер: ЦИА, мајка, ЦИА

Разно
4

Техеран до Ѓорче Петров

Разно
5

Пазете го третиот коментар

Балканштина
6

Една слика, илјада (погрешни) зборови

Македонштина
7

До вчера гостуваа Мбапе, Бензема и Модриќ, а сега е нива запуштена

Фудбал
8

На старите светот останува

Занимливости
1

Трамп ѝ ги „сервира“ Фолкландите на Аргентина

Свет
2

На старите светот останува

Занимливости
3

Ерменија мора да избере: Унија со Брисел или со Москва

Свет
4

Видео-играта GTA VI е удар врз продуктивноста на САД

5

Вашиот WiFi може да ве види

Технологија
6

Хакери објавија критични податоци за Сенатот на Берлин

7

Лична карта и возачка дозвола од октомври и на мобилен телефон

8

На дата-центри ќе се потрошат 31.600 милијарди долари до 2050 година

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Баш се потрудиле околу презентацијата

Македонштина

Една слика, илјада (погрешни) зборови

Балканштина

Пазете го третиот коментар

Разно

Ко то тамо пева точка мк

Македонштина

Богати и славни - специјално издание

Македонштина

Угинато цело јато интерпункција

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Златни јајца

Зошто јапонските деца сами одат на школо?

Басистот на Faith no More лансираше ракија „Јебига“

Атиџе не е наша. Атиџе е своја.

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy