- Резултатите не се како што очекувавме, рече претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски на прес конференција по првиот круг на изборите.
- „Веројатно разликата ќе биде околу 130.000 гласови, можеби и нешто повеќе. Очекувавме помалку, но утре е нов ден“.
- Пендаровски рече дека не се чувствува малодушен, дека кондицијата на коалицијата која го подржува не била на исто ниво како во 2019 година и верува дека тој додал екстра вредност на тоа конто.
- За резултатот од денешното гласање, претседателската кандидатка на ВМРО ДПМНЕ рече дека тој е „инспиративен“ за неа и нема зборови за благодарност.
- „Повикувам на единство, ќе соработувам со премиерот, Собранието, медиумите, но и со опозицијата“, кажа таа.
- Секој ден ќе докажувам дека сум таму не заради политичка кариера туку заради Македонија, рече Силјановска-Давкова.