Трамп најави дека САД ќе отворат истрага против ЕУ и ќе ѝ воведат нови царини поради „ограбување на американските даночни обврзници“, преку казни од милијарди долари за големите технолошки компании.
ЕУ завчера му изрече казна од 890 милиони долари на Гугл поради истиснување на конкуренцијата. Трамп додаде дека ЕУ „без никаква причина“ ги казнил Епл со 15 милијарди долари, Мета со 3 милијарди долари и Амазон со 2,5 милијарди долари, а сите досегашни казни за Гугл надминуваат 18 милијарди.
„САД не се банкомат за Европа ниту ќе дозволиме да бидат тоа... ЕУ ќе плати многу висока цена за ова незаконско и крајно неетичко однесување, за кое постојано ги предупредував. Очекуваме дека казните целосно ќе бидат поништени и може да им наметнеме значителни царини“, предупреди Трамп.
Тој претходно се закани со царина од 100 % за секоја европска земја која ќе воведе данок на дигитални услуги за американските технолошки гиганти.
За време на вториот мандат на Трамп беа покренати неколку истраги согласно Членот 301 од Законот за трговија од 1974 година, кој ја овластува Канцеларијата на американскиот трговски претставник да истражува трговски практики за кои постои сомневање дека не се фер.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.