Администрацијата на Трамп активно планира повлекување на службениците за царина и гранична контрола што обработуваат меѓународни патници и товар од главните аеродроми во градовите што одбиваат да спроведат мерки за запирање на нелегалната имиграција.
Министерствата за правда и за домашна безбедност како цели ги идентификуваа „Џон Ф. Кенеди“ и „Њуарк Либерти“ во Њујорк, „О'Хара“ во Чикаго, како и меѓународните аеродроми во Лос Анџелес, Сан Франциско, Денвер, Сиетл-Такома, Бостон Логан, Денвер, Филаделфија, Вашингтон Далес и Портланд.
„Не треба да обработуваме меѓународни летови во нивните градови, во кои локалните радикални левичарски демократи не ни дозволуваат да си ја работиме работата и да ги спроведуваме федералните закони“, изјави секретарот за домашна безбедност Макрвеј Малин. Тој додаде дека одлуката не е конечна.
Евентуалното затворање на овие аеродроми за обработка на меѓународни патници и товар ќе го загрози одржувањето на Светското првенство во фудбал, кое почнува во јуни и трае повеќе од еден месец. Во овој период во САД се очекуваат над 1 милион туристи и навивачи од странство.
Туристичката асоцијација и авиокомпаниите жестоко го осудија предлогот. Предупредуваат дека тоа ќе предизвика масовни откажувања на летови, ќе создаде логистички хаос и ќе го уништи меѓународниот туризам и трговија. Само на трите главни аеродроми во Њујорк лани пристигнале повеќе од 50 милиони меѓународни патници.
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.