Претседателот Доналд Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MSNBC и Politico поради „објавување лажни вести“. Се закани дека ќе блокира и други медиуми за кои ќе оцени дека известуваат „неповолно“.
„Нешто не е во ред со земја што дозволува луѓе намерно да пишуваат негативни извештаи. Ако сакаат да ги пишуваат, во ред. Не морам да ги пуштам во домот на народот... Тоа е многу едноставна забрана. Не ги сакам во мојата канцеларија“, изјави Трамп.
Тој додаде дека забраната важи веднаш, но би можела да се укине ако трите медиуми „се поправат и објавуваат поповолни извештаи“.
Новинари од CNN, MS NOW и Politico сè уште беа во кругот на Белата куќа кога Трамп ја објави забраната, без никакви знаци дека ќе бидат отстранети.
„Според Уставот на САД, имаме право да известуваме без попречување или мешање од владата. Ако се спроведе забраната со која се закани претседателот, тоа би претставувало незаконски напад врз фундаментално и уставно загарантирано право“, објави CNN.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.