- На барање на ЈП „Национални шуми“ воведена е целосна забрана за движење низ шуми и почнува од денес а ќе трае се додека не се намали ризикот од шумски пожари.
- Забраната е во терминот од 6 часот наутро до 20 часот навечер.
- Од Министерство за земјоделство објаснуваат дека „движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на Национални шуми, за подрачјето со кое управуваат“.
- Глобата за физичко лице кое ќе ја прекрши забраната се движи меѓу 1.500 и 2.000 евра.
- Помала група жители на населбата Серава денеска ја блокираа улицата Никола Карев, позната и како Пластичарска улица, затоа што од неделата немаат струја. А немаат затоа што со години неконролирано крадат струја, па им се расипал преооптоварениот трансформатор.
- „Дефектот во населбата Серава настана на 21.12.2025 (недела) како резултат на долготрајните неконтролирани кражби на електрична енергија од страна на жителите, а воедно и континуираните спречувања на екипите на Електродистрибуција во вршењето на работните активности за одржување на мрежата. Веќе подолг период, жителите на улиците Исмаил Кадаре и Кумбара го спречуваат проектот за реконструкција на мрежата и дислокација на броилата. На екипите на компанијата постојано им се упатуваат вербални закани, со што во целост им се оневозможува функционирањето“, велат од Електродистрибуција за Плусинфо.
- Во овој регион загубите на струја надминуваат 70%, а наплатата изнесува 60%.
- Неколку недели пред неговата смрт во затвор во Њујорк, Џефри Епстин се жалел дека неговиот цимер од ќелијата се обидел да го убие, се открива во новиот пакет објавени документи од обемното досие Епстин. Тој ја делел ќелијата со Николас Тартаљоне, поранешен полицаец осуден на четири доживотни робии поради четири убиства.
- Затворските стражари, исто така, неколку пати запишале дека Епстин се обидел да изврши самоубиство. Психологот, сепак, оценил дека тоа не било обид за самоубиство, туку намерен обид да привлече внимание.
- Неколку недели подоцна Епстин бил пронајден мртов. Новообјавен документ потврдува дека во ќелијата била пронајдена рачно изработена јамка. Медицинско лице и експерт од Министерството за правда извршиле преглед и заклучиле дека Епстин извршил самоубиство.
- Нема документ што објаснува зошто камерите за надгледување биле исклучени од нејасна причина неколку часа пред смртта на Епстин.
- Во новиот пакет од 30.000 документи за Доналд Трамп е спомнато само дека осум пати летал во приватниот авион на Епстин и ништо повеќе. Клинтон летал 27 пати.