- На средината на оваа недела, акциите на Тесла на Волстрит пораснаа за 5,9 отсто, со што вкупната пазарна капитализација на автомобилскиот бренд достигна 1.360 милијарди долари.
- За споредба, комбинираната вредност на 42 други производители на автомобили и групи кои имаат или неодамна имале значително производство на автомобили изнесува 1.260 милијарди долари.
- Во изминатите шест месеци, цената на акцијата на Тесла се зголеми за 139 отсто.
- Во мало француско гратче утре се одржуваат не баш историски избори кои сепак добија глобален публицитет.
- Во трката за градоначалник на Арсис-сур-Об за реизбор за бори Хитлер а противкандидат му е Зјелински.
- Шарл Хитлер е навикнат на мајтап со неговото презиме и цртање мустаќи на постерите но малку му е незгодно кога ќе прочита дека 37% од неговото место се Хитлеровци.
- Францускиот Хитлер е центрист додека оној спроти него, 28 годишниот Антоан Рено Зјелински е од крајно-десничарскиот патриотски блок.
- Хитлер објаснува дека му е криво што вниманието е свртено само околу презимињата на кандидатите а не нивните политики.
- Самото место во кое живеат само 2.785 жители името го добило по едно место близу Одеса во Украина, каде во 1814 се одвивала една од битките на Наполеон.
- Европската унија од 1 јули годинава воведува нова фиксна давачка за мали пратки со вредност под 150 евра, мерка што директно ќе ги погоди и пратките од платформи како ТЕМУ и АлиЕкспрес.
- Давачката ќе изнесува три евра по пратка а до ноември се најавува и дополнителна такса „за обработка“.
- Лани 5,8 милијарди мали пратки со ниска вредност испратени директно до потрошувачите влегле во ЕУ. Над 90 проценти доаѓаат од Кина.