- Во новоотоворениот продажен салон на „еАуто’ можете да го набавите својот Тесла автомобил, а се наоѓа во рамки на спортскиот аеродром Стенковец.
- Компанијата еАуто најави и дека ќе постави инфраструктурна мрежа на брзи полначи за моделите на Тесла на најмалку 15 локации низ Македонија.
- Според најавите, моделот 3 со стандардна батерија ќе чини од 55.000 евра, а моделот Ипсилон ќе почнува од 56.000 евра.
- Американците имаат сè понегативни ставови за Израел и за премиерот Бенјамин Нетанјаху, според новото истражување на центарот Пју. Анкетата спроведена во март покажува дека 60% од возрасните во САД имаат неповолен став за Израел, во споредба со 53% минатата година.
- 28% од возрасните Американци имат „многу неповолен“ став за Израел. Тоа е за 9% повеќе од лани и речиси тројно повеќе отколку во 2022 година.
- Впечатлива е разликата во довербата на републиканците за политиката на израелскиот премиер. Меѓу оние на возраст над 50 години, 58% се убедени дека Нетанјаху носи правилни одлуки, а од помладите му веруваат само 30%.
- Повеќе од половина од Американците (55%) немаат доверба дека претседателот Доналд Трамп прави добри одлуки кога станува збор за односите меѓу САД и Израел. Овој процент е речиси непроменет од август 2025 година.