Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Таравари најавува контроли во 150 здравствени институции

16 август 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Министерот за здравство покрена истрага за злоупотреба и корупција против поранешниот директор на тетовската Клиничка болница, Илир Демири. Според Таравари, вакви инспекции ќе се вршат во сите клиники и здравствени установи.
  • „Има индиции дека имало злоупотреби од страна на поранешниот директор на тетовската Клиничка болница, но дајте ни простор да излеземе со докази дали тоа е точно, а ако не тогаш ќе останат само индикации. Имаме само еден ревизор во Министерството за здравство и над 150 здравствени институции каде што ги разгледуваме повеќето од нив, така што е потребно време за да излеземе со конкретни извештаи за злоупотреби“, рече Арбен Таравари, министер за здравство.
  • Поранешниот директор на тетовската Клиничка болница, Илир Демири ги отфрла обвинувањата на Таравари, вика дека инвестициите во тетовската болница биле транспарентни и дека додека тој бил директор, направил револуционерни промени.

извор

Трамп очекува средба со Путин, Зеленски ќе почека

7 август 2025
  • Share
  • Post
  • Американскиот претседател Доналд Трамп е убеден дека би можел да се сретне со рускиот Владимир Путин веќе во текот на идната недела, а дури потоа би им се придружил и украинскиот Володимир Зеленски, во обид да почнат преговори за крај на војната.
  • Трамп го изложил својот план во телефонски разговор со Зеленски и со неколкумина европски лидери - британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц, финскиот претседател Александер Стуб и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Не е планирано Европа да има свој претставник на мировните средби.

  • Кремљ ниту ја демантираше ниту ја потврди најавата за самитот. Путин уште во јануари изрази спремност да се сретне со Трамп „за да разговараат смирено за сите прашања што се од заеднички интерес на САД и на Русија“, но одбива средба со Зеленски.
  • Оптимизмот на Вашингтон го крена мисијата на специјалниот претставник Стив Виткоф, кој вчера во Москва три часа разговараше со Путин. Нема детали за разговорите, но државниот секретар Марко Рубио изјави: „Можеби првпат имаме некои конкретни примери што бара Русија за да заврши војната“. Тој додаде дека „клучен елемент од било каков договор ќе бидат територии“.

извор

Новиот полски претседател решен да го смени Уставот

6 август 2025
  • Share
  • Post
  • Веднаш откако ја даде свечената заклетва, новиот полски претседател Карол Навроцки најави иницијатива за промена на Уставот со цел да го заштити суверенитетот.
  • „Полскиот Устав неодамна беше толку многу нарушуван, поради што ние како политичка класа мора да почнеме да работиме на нов Устав, кој би бил спремен за усвојување верувам до 2030 година“, кажа Навроцки во инаугуративното обраќање до Парламентот.
  • Тој не објасни што конкретно треба да биде променето во Уставот. За секоја промена потребно е одобрување од двотретинско мнозинство во Парламентот. Партијата Право и правда, чиј кандидат беше Навроцки, е во опозиција, но се надева дека претседателот може да ја приближи до мнозинство на изборите во 2027 година.
  • Како популист што го споредуваат со Доналд Трамп, се очекува Навроцки да блокира многу закони од проевропската влада на Доналд Туск. Навроцки се спротивставува на нелегалната миграција и усвојувањето на еврото и вети дека ќе се спротивстави на секој обид од Брисел да ѝ одземе моќ на Полска.
  • „Ќе бидам гласот на оние што сакаат суверена Полска, која е во Европската Унија, но е и ќе остане Полска“, порача новиот претседател.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Хрватска уште е наша, балканска

Балканштина
2

Не би не чудело сомнежот да е на место

Разно
3

Солун е ваш

Македонштина
4

Полска го достигна животниот стандард на Јапонија

Бизнис
5

Нешто ќе те питам ЧетГПТ, право да ми кажеш

Забава
6

Ќе помисли светот којзнае колку се бањаме

Булшит детектор
7

Најмногу му помагаш кога не му помагаш

Забава
8

Газа нема храна, но има плати за Хамас

Свет
1

Полска го достигна животниот стандард на Јапонија

Бизнис
2

Газа нема храна, но има плати за Хамас

Свет
3

Деца на кофеин

4

Премиер со вештачка интелигенција

Свет
5

Британците ни го украдоа СВОЗ

Свет
6

Новиот полски претседател решен да го смени Уставот

7

Трамп очекува средба со Путин, Зеленски ќе почека

8

Како се калеше кинескиот челик

Технологија
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не, немате вие чуден комшија

Балканштина

„Мене ми е смешен“ тип на човек кој кажува вицови

Балканштина

Хрватска уште е наша, балканска

Македонштина

Солун е ваш

Македонштина

Ја сфаќате ли сега важноста на Стојанче?

Македонштина

Лов на лакоми кленови

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Почина Никола Тесла на залетнувањето

Горди што не се феминистки

Рововска битка со Скопје

Batwoman во Битола

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy