- Поранешниот амбасадор на САД во Скопје, Џес Бејли, вели дека уставните измени се јасно решение за бугарското вето.
- Ако имало ново вето, тоа ќе било разочарување.
- За тоа што Бугарија не го признава македонското малцинство и покрај пресудите на судот во Стразбур: „Јас не гледам зошто некој не би препознал група во земјата. Не знам. Секоја земја има различни начини да го прави тоа. Македонија е многу инклузивна земја во тој поглед, и отсекогаш била, и мислам дека уставниот амандман предложен во моментов само го зголемува тоа, така што ако Бугарија одлучи да не го прави тоа, добро, тоа е нејзин проблем“ (?!)
- Џефри Епстин во имејл во 2011 година запишал дека Доналд Трамп поминал неколку часа со жртва на неговиот синџир за проституција во неговиот дом, тврдат демократски конгресмени од Комитетот за надзор на Претставничкиот дом. Овој мејл, според демократските конгресмени, Епстин го испратил до својата партнерка Гислејн Максвел.
- Во друг мејл, испратен до новинарот Мајкл Волф, Епстин напишал за Трамп: „Секако дека знаеше за девојките, бидејќи бараше од Гислејн да запре“.
- Трамп признава дека се познавал со Епстин, но категорично ги отфрла тврдењата дека знаел за неговиот синџир за проституција и подведувањето малолетнички.
- Епстин беше пронајден обесен во својата затворска ќелија во 2019 година, како жртва на наводно самоубиство, а Максвел отслужува казна од 20 години затвор бидејќи му помагала на Епстин во злоупотреба на малолетнички.
- Десетици домородци од амазонските племиња насилно упаднаа во зградата во која се одржува глобалниот климатски самит КОП30 во бразилскиот град Белем, протестирајќи против земјоделците и индустријалците што ги загрозуваат нивните заедници и им ја уништуваат природата од која живеат.
- Воинствените демонстранти се судриле со обезбедувањето, при што имало и повредени, но биле спречени да се пробијат до главната сала во која биле високите светски претставници.
- „Нашата земја не е на продажба. Не јадеме пари. Сакаме нашите земји да бидат заштитени од агробизнисот, црпењето нафта, нелегалните рудници и сечата на дрвја“, порача претставник на локалното племе Тупинамба.
- Токму заради самитот КОП30 бразилските власти ја осакатија Амазонската прашума. Десетици илјади хектари заштитена шума беа жртвувани за да се изгради автопат од 13 километри од аеродромот во Белем до конференцискиот центар.