Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Стојанов: Штанцање афери како ПР-стратегија

12 јануари 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Политичката стратегија на оваа власт се вика „нема ден без афера“! Сериозен сум и притоа не сум нималку ироничен или циничен! Продуцирањето афера врз афера на оваа власт не е резултат само на нивната епска неспособност и инхерентната клептоманија, кои се нивни несомнени атрибути, туку е дел од една ПР-стратегија за остварување на политиките на налогодавците што ги донесоа на власт.
  • Да појаснам: прво факт е дека се донесени на власт. Факт е дека имаат употребна вредност, и тоа еднократна: да сменат име, презиме, идентитет на овој народ, да го напикаат како (аморфна, безидентитетска) територија во НАТО, да ги натоварат „дисаѓите“ и да пијат коктел на некоја плажа со парите кои им се дозволени безочно да ги крадат за да можат да се спасуваат кога ќе затреба, додека во некоја погодна геополитичка пригода, ова парче безлична територија под НАТО-окупација биде де факто (можеби не и де јуре) поделено помеѓу Албанија и Бугарија, со што конечно ќе се реши „македонскиот вопрос“, а западните ни „партнери“ се посветат на многу поважните прашања (непослушната Србија).
  • За да се остварат проектираните планови, мора да се потпишат и реализираат сите договори, вклучувајќи го и оној со Бугарија. А за да се реализира сето тоа, покрај аморфна, безлична, безидентитетска територија, ви треба и народ со истите тие атрибути. Народ без енергија за дејство, анестетизиран до ниво на колективна депресија. Народ доведен до „сеедно ми е“, „што сакат нека прават“, пишува проф. доктор Трајче Стојанов.
извор

Почина Мишо Хрњак од Азра

1 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • На 67 години почина Мишо Хрњак , басистот во најлегендарната, златна постава на Азра, со Џони Штулиќ и Борис Лејнер.
  • Свиреше бас на првите три студиски албуми на бендот: Азра (1980), Сунчана страна улице (1981) и Филогрански плочниви (1982), како и на неповторливиот троен концертен албум, Равно до дна. 
  • Азра ја напушта по отслужување на воениот рок во 1982 година и тоа е крај на таа изворна постава. Едно од најважните поглавја ги минува во Унгарија каде ја запознава сопругата Уршула со кои имаат пет деца. Семеен живот и изработка на мебел по нарачка. 
  • Во 2015 година ја објавува автобиографијата „Златно срце - приказни, ама, не баш за деца.“
извор

Еверест веќе не е највисоката планина?

1 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Планината Еверест на Хималаите останува планина со највисока надморска височина (8,849 метри) но тоа да не ти била највисоката планина на планетата.
  • Две други „скриени“ планини на работ на Африка и Тихиот океан се далеку повисоки, дури 100 пати повисоки од Еверест, околу илјада километри високи.
  • Што е финтата и како до сега не сме ги виделе? Затоа што почнуваат од минус надморска височина, длабоко под површината на Земјата - на околу 1.900 километри, помеѓу јадрото и земјиниот плашт.
  • Наша стручна алпинистичка проценка: Не се важи!
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

2

Еверест веќе не е највисоката планина?

3

Почина Мишо Хрњак од Азра

4

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

5

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
6

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина
7

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
8

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Балканштина
1

Еверест веќе не е највисоката планина?

2

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

3

Почина Мишо Хрњак од Азра

4

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

5

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
6

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
7

Европските пари за Украина се губат по фантомски компании

Свет
8

ЕУ нема да се спаси со такси за ТЕМУ

Бизнис
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Александар предвреме го умреле, не па нас

Кога Мица беше закон

Граѓански преписки

Од новите

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy