- Момче му пришло на Далај Лама со желба да го гушне. Овој му рекол мож, ама прво да ми го шмукнеш јазикот.
- Неговата 87 годишна светост подоцна се извини и на момчето и на неговото семејство а неговите служби сопштија дека тој често се задева со луѓето кои јавно ги сретнува на „невин и разигран“ начин.
- Пред четири години кажа дека ако следната Лама бидне женско, треба да е поатрактивна, ама па и за тоа се извини.
- По 30 дена затворски притвор добија тројца осомничени – Арта Асани директорка на ЈП „Комуналец“ – Гостивар и раководителите Леон Уредини и Вадедин Дервиши, одлучи судијата на претходна постапка Ќирко Михајлоски од гостиварскиот суд.
- Обвинителството ги товари Асани, Уредини и Дервиши за кривично дело „тешки дела против животната средина и природата“ за кое казната е од четири до максимални 20 години затвор.
- Во едно деноноќие во гостиварската болница биле прегледани нови 198 пациенти, информира директорот на болницата, Емри Бајрами. Поради здравствената состојба во која се наоѓа, еден од пациентите е упатен на Инфективната клиника во Скопје.
- Владата донесе одлука за прогласување на 30 дневна кризна состојба во Гостивар.
- Истражители од унгарското обвинителство денеска извршија претрес во просториите на партијата Фидес на поранешниот премиер Виктор Орбан и запленија компјутерски сервери со електронски пораки и комуникации.
- Обвинителството објави дека претресот е дел од истрагата за корупција и злоупотреба на пари од Националниот фонд за култура.
- Даночните власти открија дека управата на Фондот спротивно на правилата издала 1.079 грантови во вкупна вредност од 54 милиони долари. Приведени се шест лица, вклучувајќи политичари од гарнитурата на Орбан.
- Фидес ја оцени рацијата како обид на новиот премиер Петер Маѓар и на неговата партија Тиса да ја уништат опозицијата: „Вакво нешто немало во Унгарија уште од крајот на комунистичкиот режим во 1990 година“.