Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Советот на Европа препорачува да се укине амнестијата за хашките случаи

11 февруари 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Поранешниот македонски премиер Димитар Ковачевски на 15 јануари добил писмо од комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ во кое се препорачува да се преземат конкретни чекори за да се реши проблемот со насилното минато и поодлучно да се движи кон социјална кохезија, правда и помирување.
  • Такви писма добиле и премиерите на земјите-членки на Советот на Европа од регионот на поранешна Југославија.
  • Мијатовиќ бара да се поништи амнестијата за Хашките случаи и да се истражат досиејата кои беа трансферирани од Хашкиот трибунал на домашните судови.

  • Случаите „Водство на ОНА“, „Непроштено“, „Мавровски работници“ и „Липковска брана“ беа процесуирани во Меѓународниот суд на правдата во Хаг, но во 2008 година тие беа вратени во надлежност на македонските судови.

  • Пред обвинителството се најде само случајот „Мавровски работници“, но во септември 2009 година Кривичниот суд ги ослободи сите обвинети за малтретирањето на мавровските работници од конфликтот во 2001 година, откако Обвинителството се откажа од гонење.

извор

Зеленски побарал половина век безбедносни гаранции од САД

29 декември 2025
  • Share
  • Post
  • Володимир Зеленски побарал од Доналд Трамп да ѝ даде на Украина безбедносни гаранции во траење од половина век за да запре војната со Русија. Трамп не прифатил промени во нацрт-мировниот план, во кој се предвидени 15-годишни безбедносни гаранции од САД за Украина.
  • „Му кажав дека војната веќе трае речиси 15 години... Му реков дека би сакале да ја разгледаме можноста за 30, 40, 50 години“, изјави Зеленски по средбата со Трамп во Флорида.
  • Прашањето за типот на гаранциите сè уште не е затворено. Киев бара да бидат цврсти исто како од основачката повелба на НАТО, што би значело колективен воен одговор на каков било руски напад врз Украина, но нема сигнали дека тоа било прифатено од САД.
  • Трамп истакна дека прашањето за безбедносните гаранции  е „95% решено“ и додаде дека европските земји ќе имаат важна улога во обезбедувањето мир. 
  • Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров возврати дека Европа се спрема за војна со Русија и предупреди дека Москва ќе ги смета за „легитимни цели“ евентуалните европски контингенти во Украина.
извор

Сведоштво на мајка на млад загинат во Пулс

29 декември 2025
  • Share
  • Post
  • Од сведочењето на Марија Петрушева, мајка на загинатиот 24-годишен Андреј:

- Андреј, кој планирал повторно да замине на работа во Хрватска, последен пат се јавил во 18:30 часот, велејќи дека е преморен.

- Со сопругот отидовме на тераса и видовме како небото свети во далечината, токму таму каде што е ‘Пулс’. Знаев дека таму има концерт на ДНК и веднаш почнав да им ѕвонам на двајцата синови. На Андреј му пишав и на Инстаграм во 3:10 часот, но пораката до денес стои непрочитана.

 -Едно дете ме слушна како викам и ми рече: ‘Вујно, Кристијан е добар, а Андреј имаше слаб пулс, ги однесоа со амбулантна кола’. Тогаш почувствував надеж, мислев дека штом се во болница, веќе им се помага. Не сфаќав дека децата што ги гледам легнати на земја се мртви, мислев дека се само онесвестени од чадот.

- Кога ме виде, Кристијан само ми рече: ‘Мамо, не успеав да го спасам брат ми’. Влегов во собата број 2. Андреј лежеше таму, изгледаше толку живо што не верував дека е мртов. Му дававме вештачко дишење, мислев дека испушта звуци, дека се враќа… Го молев докторот што поминуваше да направи нешто, тој му го фати пулсот и ми рече дека веќе се лади. Ми кажа дека и останатите три деца во собата се починати.

  • За трагедијата се обвинети 35 физички и три правни лица. За обвинителството, „Пулс“ не била несреќа, туку резултат на долгогодишно беззаконие. Дискотеката работела незаконски уште од 2012 година, без соодветна противпожарна заштита, со нерегистрирани реконструкции и без исполнување на минималните технички услови за безбедност на посетителите, известува СДК. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Вечерва сите сме Македонци!

Разно
2

Имами во Шведска украле 100 милиони долари од фондови за образование

Свет
3

Постојат херои ама лошо проаѓаат

Забава
4

Вештачки интелигентно ѓубре го преплавува Јутјуб

Интернет
5

Кога сателити снимија цунами високо 200 метри

Занимливости
6

Дури 73% од младите во Брисел немаат европско потекло

7

Ако нешто нè гневи...

Балканштина
8

Автомобил за „не по ова време“

Возила
1

Имами во Шведска украле 100 милиони долари од фондови за образование

Свет
2

Кога сателити снимија цунами високо 200 метри

Занимливости
3

Вештачки интелигентно ѓубре го преплавува Јутјуб

Интернет
4

Дури 73% од младите во Брисел немаат европско потекло

5

Како функционира машинеријата за наративи на Брисел

Свет
6

Има четири различни видови аутизам

Здравје
7

Сведоштво на мајка на млад загинат во Пулс

8

Трамп: Путин сака Украина да успее

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Ако нешто нè гневи...

Балканштина

Некогаш џабе се и книгите

Македонштина

Ние си најдовме, вие мислете му ја

Македонштина

Ѓорче Петров, отворена општина

Балканштина

Киноа никако пред солфеж

Балканштина

Знаете ли зошто во мартини се става маслинка а во ракија не?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Со други зборови, му се рика

Vladimir, One of Us!

Го знаете ли Драганче?

За 2.000-от пренос Усеин Болт ми трчаше пред очи

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy