Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Со „Безбеден град“ бројот на загинати во сообраќајки се намалил за 40%

27 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Од почетокот на примената на камерите, на 2 февруари 2026 година, во првите пет месеци е забележано намалување на бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди за 40 проценти; 33 загинати лица, наспроти 55 во истиот период лани.
  • „До 22 јуни 2026 година, преку системот се регистрирани над 120.000 сообраќајни прекршоци, од кои повеќе од 95 проценти се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина“, информираше министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
  • До крајот на 2026 година се очекува проектот „Безбеден град“ да биде целосно имплементиран на територијата на државата, опфаќајќи ги поголемите градови и главните патни правци.
  • Уште на некој во државава да му текне да ги обележи патиштата со прецизни и реални ограничувања на брзините, и да ги извади и замени небулозните знаци по кои еден километар на прав автопат после тунелот во Демир Капија уште брзината е ограничена на 80 км/ч (па и камери натопориле), или пак кога после долга полна линија конечно ќе дочекаш прекината линија ама истовремено и знак 40 км/ч, по што ти останува да се надеваш дека ќе начекаш некој на ролшуи, за да имаш нешто да да претицаш.  
извор

АНБ со мирис на УДБА

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • „Агенцијата за национална безбедност, во соработка со МВР и Обвинителството, спроведе истрага за пропагандна мрежа која, според Агенцијата, дејствува во функција на руските интереси“.

* Бедно и предавнички е да се работи во функција на кои било странски интереси ама дали руските имаат посебна предавничка тежина? Ене го, УСАИД уште не е оладен, не можело и за тоа истрага да се спроведе? 

  • „Преку овие псевдо-портали се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани...“

* Дозволени се само официјални наративи на актуелни настани а нивно „преобликување“ е рамно на извртување на божји наративи? Ако е така, каде да ги прочитаме дозволените наративи?

  • „Агенцијата порача дека ќе продолжи со откривањето и спречувањето на пропагандистичките активности кои ги поткопуваат евроинтегративните процеси на земјата“.

Една од најмоќните владини агенции е спрегната да им дише во врат на сите кои не се одушевени од евроинтегративните процеси? Има ли АНБ досиеја за сите оние кои се неутрални, кои навиваат за БРИКС, за конфедерација со Кина, Мароко или Виетнам?

п.с. Не заболе нас патка за руски и други странски интереси, но сме дебело засекирани што постои Агенција која вака знае вака да се постави во однос на слободата на мислењето и изразувањето. Бидејќи со мислење и изразување се занимаваме.

Јебале вас „наративи“. 

извор

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул ги повика членките на ЕУ да ги исполнат своите ветувања за проширување кон Западен Балкан. Предупреди дека со тоа, Унијата го ризикува сопствениот кредибилитет и влијание во регионот.
  • Вадефул потсети дека ЕУ им вети членство на земјите од Западен Балкан на самитот во Солун во 2003 година. Тој го критикуваше и германскиот учинок, потсетувајќи дека поранешната канцеларка Ангела Меркел го започна Берлинскиот процес 11 години подоцна, во 2014 година.
  • И покрај ова, нема конкретен напредок дури и по уште 12 години.
  • „Не ги исполнивме нашите ветувања“, рекол министерот. „Навистина би ги повикал сите да им покажат дека ветувањето од Солун е реално, дека сме веродостојни и дека на Европа може да се потпреме“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

Пратете му на некој со BMW

Онака
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

Почина Биљана Плавшиќ

3

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
4

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
5

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

6

Тексас прогласи вонредна состојба поради скапиот дизел

7

За Н1 уапсените во Скопје се терористи во наводници

8

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Нови плочки за Заев

Путерот конечно победи

Па да му го почекаме и колбасот?

Сакаме избори!

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy