- Словачка им дозволи на бензинските пумпи да ја ограничат продажбата на дизел и да го продаваат по повисоки цени за странци за да се спречи „дизел-туризмот“.
- Цените на дизелот за автомобили со странски регистерски таблички ќе се утврдува врз основа на просекот на цените во соседните Чешка, Австрија и Полска. Мерката ќе биде на сила 30 дена и нема да важи за бензините.
- „Ограничувањата се неопходни за да се спречи порастот на продажбата на дизел на луѓе од Полска, кои доаѓаат за да точат поевтино гориво од Словачка. Десетици бензински пумпи во северна Словачка буквално пресушија“, изјави премиерот Роберт Фицо.
- Цената на дизелот во Словачка на 16 март беше 1,48 евра за литар, а во Полска 1,74 евра.
- Словачка е погодена од криза со горивата поради оштетувањето на нафтоводот „Дружба“ преку кој добива нафта од Русија. Фицо ја обвинува Украина дека не го поправа нафтоводот за да го заостри политичкиот притисок врз Словачка. Војната во Иран ја зголеми глобалната побарувачка на нафта и гас и уште повеќе ја продлабочи кризата.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.