Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Скопјанец на денот: Рефет Елмас

16 февруари 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Секое утро 48-годишниот Рефет Елмас откако ќе ја отвори својата трафика на булеварот Партизански одреди во Карпош 4 почнува да ги чисти и мете тротоарите, патеките и жардиниерите наоколу, иако станува збор за јавна површина.
  • Вели дека откако е отворена трафиката пред 40 години секој ден чисти, бидејќи кога ќе дојде на работа, просторот околу повторно е валкан и полн со отпадоци, иако го исчистил претходното утро.
  • Трафиката „Мандарина“ веднаш до автобуската станица во Карпош 4 постои 40 години а Рефет вели дека чисти секое утро околу час и половина.
  • „Секој треба да се труди и да даде дел од себе за да биде чист градот. Во нечиста просторија не може да се живее, ниту да се работи. Хигиената е повеќе од здравје“, вели Рефет.
извор

Н1 и Нова се во потрага по нов инвеститор

1 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Телевизиите Н1 и Нова бараат нивниот сопственик, групација Јунајтед медиа, да ги продаде по пазарни услови. Предлагаат менаџерско преземање во кое би им помогнале кредибилни инвеститори.
  • На нивната иницијатива се придружија и другите медиуми од истата групација, како што се дневниот лист Данас и неделникот Радар.
  • Јунајтед медиа одамна соопшти дека не обезбедила финансирање на овие медиуми и дека од ноември ќе започнат отпуштања. 
  • Засегнатите медиуми велат дека не сакаат само да продолжат со работа туку и да ја заштитат новинарската и уредувачка независност.

 Види и: Сите станаа Информер

извор

САД донеле одлука за напад врз картелите на Мадуро

31 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Администрацијата на Трамп донела одлука за напад врз воени инсталации во Венецуела што ги користи нарко-картелот Солес, за која се тврди дека е управувана од претседателот Николас Мадуро. Акцијата би можела да почне во секој момент, пишува Мајами Хералд, повикувајќи се на информирани извори во Вашингтон. 
  • Изолирани се целите и одредено е оружјето – проектили што треба да го уништат раководството на картелот. Се смета дека картелот префрла околу 500 тони кокаин годишно во САД и во Европа. Изворите тврдат дека Мадуро не е директна цел на нападите. „Мадуро наскоро би можел да открие дека не може да избега од земјата дури и да сака. Сега има повеќе од еден генерал кој е подготвен да го фати и предаде“, изјавил изворот.
  • Кога во август објави награда од 50 милиони долари за информација што ќе овозможи приведување на Мадуро, американската државна обвинителка Пам Бонди објави дека неговиот Картел де лос Солес е вграден во војската и соработува со бандата Трен де Арагва и мексиканскиот картел Синалоа. Бонди го нарече Мадуро „еден од најголемите трговци со дрога во светот и закана за нашата национална безбедност“.
  • Централна улога во акцијата за уништување на картелите ќе има носачот на авиони „Џералд  Форд“ и неговата ударна група од пет борбени бродови со проектили и повеќе од 90 авиони. Пентагон пред една недела ги испрати во карипските води.
  • „Нема доволно борбена моќ за инвазија, но има доволно за воздушни или ракетни напади против картелите или режимот на Мадуро“, изјави Марк Ф. Канчијан, пензиониран морнарички полковник и виш советник во Центарот за стратешки и меѓународни студии.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Цецо, Цецуле, неписмено девојче

Балканштина
2

За газирано и дебелко Кочани

Македонштина
3

Миленко за Панчев и Попов: Мрсомудачи, неработници, северџани

Фудбал
4

Европската комисија скришно преговара со лобисти

Свет
5

Временска машина за совршен дејт

Разно
6

За неверојатната кошаркарска интелегенција на Никола Јокиќ

Кошарка
7

Н1 и Нова се во потрага по нов инвеститор

8

Кога си ги бараш назад двата часа гледање филм поради крајот

Bookbox
1

Европската комисија скришно преговара со лобисти

Свет
2

Н1 и Нова се во потрага по нов инвеститор

3

Фронтекс не ги чува границите туку пречекува мигранти

Свет
4

Киев можеби нема да издржи до пролет

Свет
5

Европа ќе остане економски сама со своите регулативи

Бизнис
6

Светот мижи пред геноцид видлив и од вселената

Свет
7

Мајмун ќе смени став со факти, човек потешко

Животни
8

Америка влегува во нов Макартизам

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Цецо, Цецуле, неписмено девојче

Македонштина

За газирано и дебелко Кочани

Балканштина

Прво Европско злато за Босна

Балканштина

Црногорски родови студии

Македонштина

Лов на гребнати муштерии

Македонштина

Кога двајца се караат, третиот користи

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Стварно има разлика!

Среќна Нова 91-ва

Тркало, што толку те чекавме?

Диоген од Македонија

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy