Сите членови на Комисијата за помилување поднесоа оставки
27 октомври 2024
- „Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи. Со почит, проф. д-р Методија Каневчев, проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири“, наведуваат во објава на Фејсбук.
- Оставките следуваат по реакциите во јавноста во однос на одлуката за помилување на десетина осуденици од страна на претседателката Сиљановска-Давкова, особено за Акиф Равманоски познат во јавноста како член на нарко-кланот „Барон“, кој два дена по помилувањата, на излегување од затвор, беше повторно уапсен.
-
ГСД најавува консултации за нов состав и слабостите во системот за помилување.