Сиљановска во ОН: Веќе направивме 36 уставни измени
26 септември 2024
- Македонските граѓани се пред услов за уште една уставна измена, но не за членство, туку за почеток на преговорите, и тоа по втор пат.
- „Како држава посветена на добрососедството, очеквуаме разбирање од нашите соседи без закана за вето, затоа што каде што има вето, нема правда. Тоа ги демотивира македонските граѓани и ги забавува реформите“, рече македонската претседателка во својот говор на Генералното собрание на Обединетите нации.
- „Проширувањето мора да се врза за копенхагенски критериуми“, рече Сиљановска-Давкова. „Мора да се поддржиме едни со други, наместо да блокираме. Пред голем предизвик сме, како правното да стане праведно. Нема едноставни, безболни решенија“.