- Швајцарските надлежни институции донесоа одлука да ги прекинат сите препораки за вакцини или бустер дози за ковид-19.
- Препораки за вакцинирање повеќе не важат ни за ризичните групи.
- „Не е потребно никакво вакцинирање во сезоната пролет/лето 2023“, соопштија швајцарските здравствени авторитети.
- Полскиот министер за одбрана обвини руски разузнавачки служби за саботажите на железничките пруги од Варшава кон Украина, за време на викендот.
- Поради разнесувањето на дел од шините, во прекин е железничкиот сообраќај од Варшава кон Лублин на исток. По оваа пруга се транспортира оружјето и муницијата што европските сојузници ѝ го испраќаат на Украина.
- „Сите траги водат кон исток, кон Русија“, изјави министерот Владислав Косинијак-Камиш. Тој додаде дека на место каде што биле разнесени шините бил пронајден уред што ја снимал ситуацијата и експлозијата.
- Обвинителството го води случаите како „акти на саботажа или тероризам“ и смета дека се извршени „по наредба од странски разузнавачки служби.
- Варшава во септември ја обвини Русија дека го истрелала проектилот што погоди куќа во Полска и го оцени како „прв директен напад врз членка на НАТО“. Истрагата покажа дека ракетата всушност била истрелана по грешка од борбен авион на НАТО.