Што со смрдливките?
17 октомври 2024
- Смрдливките припаѓаат на семејството Pentatomidae кое брои околу 5.000 видови.
- Промената на климата им годи па последниве години сè повеќе луѓе се жалат на инвазија на овие бубачки во нивните домови. Топла есен и благи зими им овозможуваат подолго хранење и размножување.
-
Освен советот да не се пипаат, доктор Ивана Пајач Живковиќ од хрватскиот завод за земјоделска зоологија вели дека најдобра заштита е ставање мрежи на прозорците а она што се продава по интернет против нив најчесто нема никаква научна подлога.