Шест милиони евра за сајбер безбедност, а институциите хакирани
1 јули 2024
- Државните институции без доволно вработени за справување со информатички безбедносни инциденти, а само една институција има сертификат за информациска безбедност, откри Ревизијата.
- Обвинителството е на потег по објавувањето на ревизорскиот извештај во кој се констатира дека 70 отсто од институциите практично немаат заштита од хакерски напади, вели новиот министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
- Ревизијата на ДЗР покажува дека во 2023, само за тендери за информациска безбедност биле склучени 283 договори со 61 компанија во вредност од преку 6 милиони евра.