- Џејкоб Ченсли, кој беше осуден на три години затвор заради упадот во Конгресот на 6 јануари 2021 година, планира да стане дел од конгресот.
- Дeчкото попознат како „КјуАнон шаманот“ поднел потребна документација за едно место во Аризона, откако актуелната претставничка од таму решила повеќе време да посвети на семејството.
- Законот на Аризона забранува гласање на осудени лица сè додека целосно не ја одлежат казната но американскиот устав не забранува таквите да држат федерална функција.
- Ченсли беше пуштен од затвор во мај годинава, рече дека го баталил КјуАнон а го интересира психологија, религија, филозофија и керамика.
- Наспроти ниската стапка на наталитет во речиси сите членки, Европската Унија сега има рекордно висок број жители поради „зголемените миграторни движења“ по пандемијата на ковид во 2021 година, покажуваат најновите статистички податоци.
- „Од 2012 година наваму негативниот природен прираст во ЕУ е помал од позитивната миграција“, наведува Еуростат.
- На почетокот на годинава ЕУ имала 450,4 милиони жители, што е апсолутен рекорд. Тоа е за околу 1 милион повеќе во споредба со 2024 и четврто по ред зголемување од година на година.
- Од 1960 година населението на ЕУ се зголемило за 95,9 милиони, главно поради проширувањето со нови членки.
- Денес најмногу жители има Германија (83,6 милиони), а најмалку Малта (0,6 милиони). Речиси половина од населението е концентрирано во Германија, Франција и Италија.
- После 25 години растење во еден од најјаките музички фестивали во Европа, Егзит се сели од новосадската Петроварадинска тврдина во Египет.
- Во партнерство со светски познатата продуцентска куќа за настани, Venture Lifestyle, организаторите на Егзит потпишале договор за египетска компанија, догодина фестивалот да се одржи на просторот пред египетските пирамиди.
- На ваков чекор се решиле после долгогодишни политиички притисоци во Србија каде беа користени за политички пресметки а им беше укинато и институционaлното финансирање.