Секоја година на Дрисла „гние“ струја за 20.000 домаќинства
5 јануари 2023
- На депонијата Дрисла годишно се фрлаат скоро 180 000 тони отпад, што би било доволно да се произведат 3,2% од производството на струја лани во термоцентралата РЕК Битола.
- Компаниите бараат дозвола за увоз на алтернативно гориво и да може да се преработува домашниот отпад, тоа би заменило 285 000 тони јаглен.
- Од 180.000 тони отпад на Дрисла, би можело да се искористат околу 66.000 тони, од кои би се добиле 35.000 тони алтернативно гориво.