Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Саркози виновен за водење кампања со пари од Гадафи (едит: доби 5 години затвор)

25 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Кривичен суд во Париз го прогласи поранешниот француски претседател Никола Саркози за виновен за случајот за нелегално финансирање на кампањата во 2007 година со пари од либискиот лидер Моамер Гадафи. Саркози победи на тие избори и ги отфрла обвинувањата како „политички мотивирани“.

ЕДИТ: Изречена му е казна од пет години затвор, која нема да може да ја одложи со жалби на пресудата, и парична казна од 100.000 евра. „Ако сакаат да спијам во затвор, ќе спијам, но со крената глава“, изјави Саркози.

  • Судот го ослободи Саркози од другите обвинувања, вклучувајќи примање украдена стока, проневера на јавни средства и пасивна корупција.
  • Саркози, како министер за внатрешни работи, во 2005 година направил дил со Гадафи: Либија да му ја финансира кампањата, а кога ќе победи да ѝ се оддолжи со поддршка за враќање на меѓународната сцена. Во матната афера биле вклучени либиски шпиони, осуден терорист и трговци со оружје.
  • Француско-либанскиот бизнисмен Зијад Такиедин (75), кој беше еден од ко-обвинетите но и клучен сведок во случајот, починал завчера од срцев удар во Бејрут два дена пред да биде објавена пресудата. Такиедин тврдеше дека по налог од Гадафи лично му испорачал на Саркози куфери со вкупно 5 милиони евра во кеш. Подоцна ја повлече изјавата и ја негираше, поради што беше отворена посебна истрага за сомневањата дека Саркози и првата дама Карла Бруни извршиле влијание врз сведоци. Овој процес е во тек.
  • Лани во февруари Саркози доби условна затворска казна во врска со обвинување за корупција и злоупотреба на влијанието. Три месеци носеше електронска алка за да му се следи движењето. Во друг случај беше осуден на една година затвор поради нелегално финансирање на кампањата за реизбор во 2012 година – потрошил двојно повеќе од дозволеното. Казната подоцна му беше намалена на шест месеци затвор и шест месеци условно, но Саркози нема да биде зад решетки додека се разгледува неговата жалба.

Eski Fransa Cumhurbaşkanı Nicolas Sarkozy, yolsuzluk dahil dört farklı suçtan yargılandığı "Libya davası"nda suç örgütü kurmaktan mahkum edildi. pic.twitter.com/L5FYBQJSn9

— Nefes Gazetesi (@nefesgazete) September 25, 2025
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

АНБ со мирис на УДБА

4

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
5

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

6

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

7

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Почина Биљана Плавшиќ

8

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Која не би сакала?

За повеќе мисли, следете ме

Полски рап

Предлог текст за напуштање на Фејсбук

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy