- Скопските гимназии како „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски-Корчагин“ не се наполнија ниту во вториот уписен рок за учебната 2023/2024 година. Конкурсот за запишување ученици е завршен само за „Никола Карев“ и „Георги Димитров“ во Скопје.
- Во двете пријавување вкупно се запишаа 15.481 ученик од кои: 11.325 ученици за настава на македонски наставен јазик, 3.852 ученици за настава на албански наставен јазик, 298 ученици за настава на турски наставен јазик и 6 ученици за настава на српски наставен јазик.
- Во двете пријавувања запишани се вкупно: 4.603 ученици во гимназиско образование и 10.277 ученици во стручно образование.
- Арбен Фетаи. Беше вицепремиер за „добро владеење.“ Со месеци немаше одено на работа а земаше плата. Конечно, на 10 јуни оваа година даде оставка.
- Два месеца подоцна, владата го назначила за „специјален пратеник за Европската Унија“ и ќе оди во Брисел. Човекот се пофали за тоа на Фејсбук, само на албански јазик.
- Го виде ама пак види го насловот.
- Македонија остана без пристап до околу 60 милиони евра од програмата ИПА наменети за третата делница од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија, затоа што во предвидениот рок не бил склучен договор за изградба на пругата.
- За да продолжи да го реализира проектот, Владата до Собранието достави измени на законите за заемите од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка од по 175 милиони евра. Не се бара ново задолжување, туку се менува начинот на спроведување.
- Според предложените измени, носител на проектот ќе биде ЈП Железници на Република Македонија, кое ќе ги спроведува тендерските постапки, ќе избира изведувачи и ќе склучува договори. Новиот тендер ќе ја опфати само изградбата на делницата од Крива Паланка до западниот портал на прекуграничниот тунел.
- Министерството за финансии во 2023 година соопшти дека за завршување на последната делница од пругата до границата со Бугарија се обезбедени 560 милиони евра од Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој, од ЕУ преку ВБИФ грант и 60,77 милиони евра преку ИПА програмата.