Администрацијата на Трамп забрани за увоз на нови кинески хуманоидни и четириножни роботи, за да го заштити синџирот на снабдување од потенцијални закани за нарушување, кражба на податоци и сајбер напади, како и за да ја зајакне домашната индустрија.
Забранет е и увоз на енергетски инвертори, уреди што овозможуваат на електричната мрежа да бидат поврзани батерии и извори на обновлива енергија.
Ограничувањата важат само за новопроизведените роботи и инвертори. Федералната комисија за комуникации има право да одземе овластувања за продажба на модели кои веќе се на пазарот во САД.
Хуманоидни роботи управувани од ВИ веќе се користат од фабричките хали до домовите, а инверторите се клучен елемент од центрите за податоци, кои масовно се градат низ САД.
Забраната најсилно ќе ја погоди компанијата Unitree, светски лидер во областа на хуманоидните роботи која држи речиси една петтина од глобалниот пазар. Unitree неодамна склучи партнерство со Nvidia за користење на нивниот најсовремен чип Blackwell за роботите.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.