Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

САД: Пекинг со еден повик може да ја запре војната во Украина

16 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Кина обезбедува клучна поддршка за руската агресија во Украина и би можела да ја заврши војната со еден телефонски повик, изјави американскиот амбасадор во НАТО.
  • „Пекинг би можел да му се јави на Владимир Путин и да ја заврши оваа војна утре, ако го прекине доставувањето технологии со двојна намена. Би можела и да престане да купува руска нафта и гас“, изјави амбасадорот Метју Витакер. 
  • Русија се потпира на Кина за набавка за критични делови и компоненти за беспилотни летала и друга воена опрема. Откако Европа воведе санкции за Москва, Кина стана и најголем увозник на руска нафта.
  • Во јануари во кинеските пристаништа просечно пристигнувале по 1,65 милиони барели руска сурова нафта. Тоа е најмногу од март 2024 година и второ највисоко количество по инвазијата врз Украина пред четири години.
  • Кинеското Министерство за надворешни работи ги отфрли како „целосно неосновани“ обвинувањата дека ги поддржува воените напори на Русија.
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

АНБ со мирис на УДБА

8

Размислете за храната

Медиуми
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Почина Биљана Плавшиќ

5

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
6

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

7

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
8

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Брејкинг њуз: Нема веќе брејкинг њуз

Амстердам на бугарски начин

Кој не верува, да му умре мајка

Апел до читателите

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy