- Најголеми жртви во Втората светска војна дадоа Советскиот сојуз (26 милиони) и Кина (20 милиони). Администрацијата на Бајден денес ги смета тие две држави за најголеми непријатели на Америка.
- Џејмс А. Лукас документира повеќе од 20 милиони изгубени животи од 37 нации како резултат на војните во кои билe вмешанi САД во таканаречената „пост-воена ера.“
- Кога ќе ја видите сметката, сфаќате дека никогаш и не постоела посто-воена ера.
- Интернетот не е убеден дека фотографијата која ја објави поранешниот американски претседател на семејна средба за Велигден е баш автентична.
- Бајден се критикува дека ја едитирал фотографијата и се уфрлил себе на неа.
- Неприроден е контрастот како тој е формално облечен наспроти лежерноста на останатите од неговата фамилија а има таму и едно раче кое или е вишок или е во неприродна поза.
- Министерството за трговија на САД најави воведување царини до 3.521% за увоз на соларни панели од четири земји во Југоисточна Азија. Конечната одлука и висината на тарифите треба да биде донесена во јуни.
- Тарифите се реакција на субвенциите од Кина за компании во Камбоџа, Тајланд, Малезија и Виетнам, со цел да го преполнат американскиот пазар со евтини соларни плочи и да им го уништат бизнисот на американските компании.
- Овие четири земји во 2023 година извезле соларни панели во САД во вредност од 12 милијарди долари.
- Уште во првиот претседателски мандат на Доналд Трамп многу кинески компании го префрлија своето производство во соседството, за да ги избегнат тогашните царини за извоз во САД.