- Администрацијата на Трамп планира „значително“ да го намали бројот на американски војници што би биле достапни за НАТО во случај на напад врз некоја земја-членка или при голема воена криза во Европа.
- Одлуката ќе биде им биде соопштена на сојузниците на состанокот на шефовите на одбранбена политика во Брисел во петок.
- Точниот состав на силите што НАТО може да ги повика за време на кризи е строго чувана тајна.
- Намалувањето се однесува само на конвенционални воени сили. САД ќе продолжат да ја заштитуваат Европа со својот нуклеарен арсенал.
- Администрацијата на Трамп предупреди дека ќе повлече околу 5.000 војници од Европа и веќе го откажа распоредувањето на армиска бригада во Полска.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.