Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

САД истражуваат дали се одговорни за нападот врз свадба во Иран

4 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • САД сè уште не презеле одговорност за ракетниот напад врз свадба во вторникот во иранското село Кухестак, близу Ормускиот проток, во кој загинаа пет лица, а над 70 беа ранети. Наводно била гаѓана комуникациска кула оддалечена 135 метри од местото на свадбата.
  • „Го истражуваме (нападот) бидејќи, секако, се грижиме. Сакаме да дознаеме... Кога нашата војска прави грешки, таа учи од нив за да се подобри“, изјави потпретседателот Џеј Ди Венс, додавајќи дека САД „никогаш не гаѓаат цивилни цели“.
  • Техеран го смета инцидентот за воено злосторство, исто како и американскиот напад со проектили во училиштето во Минаб на првиот ден од војната, кога загинаа 175 луѓе, претежно деца.
  • Повеќе од шест месеци Вашингтон не ја презел одговорноста за нападот врз Минаб, иако стручни анализи потврдија дека американските проектили во два брана намерно биле истрелани кон училиштето во време на настава. Неофицијални извори велат дека внатрешната истрага на Пентагон уште во март ја потврдила одговорноста, но сè уште нема официјални извештаи.
  • За нападот врз свадбата, САД разгледуваат дали жртвите биле предизвикани од американска ракета, од рикошетирање или од иранска пресретнувачка ракета. Четворица воени експерти за Ројтерс оценија дека снимките од оштетувањата укажуваат на директен погодок од американско оружје, а не залутана иранска ракета.

извор

Кривична за Јани Макрадули

20 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Македонија“ поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.
  •  Се наведува дека тој не постапил согласно одлуките на Управниот одбор за исплата на обврски кон две правни лица.  И покрај тоа што му биле доставени потребните документи за исплата, пријавениот не ја потпишал спогодбата за исплата на долгот, не ги потврдил фактурите и не ги потпишал налозите за плаќање.
  • Со тоа оставил простор овие да поведат судски постапки кои ги добиле па штетата за Пошти на основ на исплата на затезни камати е речиси 11 милиони денари. 
извор

Антропик: ВИ да може и да убие, ако има под 50 жртви

20 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Владата на САД би можела да блокира ботови со ВИ ако утврди закана дека може да предизвикаат смрт на повеќе од 50 луѓе или штета повисока од 1 милијарда долари.
  • Ова е предлогот на Антропик во нацрт-закон за „безбедност“ на вештачката интелигенција, поднесен до Конгресот на САД.
  • Сè што е подолу од овие граници би се толерирало како „разумна политика“.
  •  Проценетиот ризик од моделот со ВИ би морал да произлегува од дизајнирање или создавање на биолошко оружје, кибернетски напад или бегање на агент со ВИ од контрола на лабораторијата во која се развива.
  • Ризикот би го проценувале „независни евалуатори“, регистрирани во Министерството за трговија, при што е оставена можноста за нивните услуги да плаќа лабораторијата во која вршат увид.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Кои денови сте затворени?

Балканштина
2

Боже, дај ми знак

Разно
3

Богати и славни

Македонштина
4

Париз гори, а има и кој да се чешла

Забава
5

Како Горан Баре славеше роденден

Балканштина
6

Приказна на денот

Забава
7

Нова црногорска епика

Балканштина
8

Кривична за Јани Макрадули

1

Кривична за Јани Макрадули

2

Како Макрон Антоанета ја изневери Франција

Мислења
3

Франција гори од токсична улична коалиција

Мислења
4

Златна треска во Полска

Занимливости
5

Книгата која Западот одбива да ја прочита

Мислења
6

Мелони и со војска ќе го брани Милано

7

Русија шири свој „старлинк“ над Украина

Свет
8

Антропик: ВИ да може и да убие, ако има под 50 жртви

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Како Горан Баре славеше роденден

Балканштина

Кои денови сте затворени?

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Нова црногорска епика

Балканштина

Едно академско прашање

Балканштина

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Против уроци од муштерии

Ама ја извезе!

Диктатура на забаваријатот

Коста Бургов, вонреден диџеј во Трендоленд

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy